Дома Трансфер зона Интер не се откажува – испрати нова понуда за Видал

Интер не се откажува – испрати нова понуда за Видал

Антонио Конте инсистира да му биде доведен Артуро Видал до крајот на месецот бидејќи смета дека Чилеанецот може да биде „клуч“ за освојување на Скудетото.

Раководството на Интер денес ја зголеми понудата за да го добие потписот на Видал. „Нероаѕурите“ на Барселона и нудат 3 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната и опција да го откупат договорот на лето за додатни 15 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Каталонците пак продолжуваат да бараат 20 милиони евра за слободата на Чилеанецот и не сакаат да го пуштат играчот на позајмица.

Самиот Видал инсистира да се врати во Италија и повторно да соработува со Конте, бидејќи во Барселона не добива голема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…