Дома Трансфер зона Интер конечно најде купец за Габигол

Интер конечно најде купец за Габигол

Габриел Барбоса – Габигол пред три години пристигна во Интер како големо засилување, но не се снајде најдобро во италијанскиот гигант.

Бразилецот помина една година на „Џузепе Меаца“, се покажа како големо промашување, па веднаш беше испратен на позајмица.

Сега конечно најде добра средина за него, игра во Фламенго и тоа во неверојатна форма – на последните 15 натпревари постигна 16 гола.

Интер „трие раце“ бидејќи подолго време бара купец за Габигол, а се чини дека бразилскиот клуб е спремен да го откупи неговиот договор.

Имено, Фламенго е спремен во наредните денови да испрати понуда тешка 15 милиони евра до Интер за потписот на Габигол.

Се чини дека Интер ќе ја прифати оваа понуда бидејќи подолго време се труди да се ослободи од Бразилецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја дозна цената која треба да ја плати за Ребиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан донел одлука да го откупи Анте Ребиќ на крајо…