Дома Топ вести Интер и Барса спремаат спектакуларна трампа

Интер и Барса спремаат спектакуларна трампа

Италијанскиот гигант Интер покажува сериозен интерес за Филипе Кутињо, пренесуваат медиумите на Апенините.

27-годишниот Бразилец оваа сезона игра во Баерн Минхен како позајмен фудбалер, но Баварците нема да ја искористат опцијата за негов откуп за 120 милиони евра, па Кутињо ќе се врати во Барселона.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го врати Кутињо на „Џузепе Меаца“. Барселона за потписот на Бразилецот бара 90 милиони евра, па може да дојде до трампа со Лаутаро Мартинез.

Барселона е спремна да ја плати откупната клаузула за Аргентинецот од 111 милиони евра, па Интер е спремен да им предложи трампа на Каталонците.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карачиќ: Столе е фраер од скопскиот асфалт, еден ден се гледам себе пак во Вардар!

Ракометниот реномиран сајт „Балкан Хендбол“ во овој период прави интервјуа со ракометарите…