Интер не се откажува од Бенџамин Павард и Французинот е примарна цел за засилување на одбраната.
Интер е во потрага по дефанзивец, а Павард може да игра и како десен бек и како стопер, па е најголема желба на Инзаги.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Нероаѕурите“ првично испратија понуда од 25 милиони евра, која Баерн ја одби бидејќи за неговата слобода бара 35 милиони евра.
Интер ја подигнал понудата до 30 милиони евра и верува дека тоа ќе биде доволно, а Павард не се најде во тимот на Баерн вечерва против Вердер.