Aмериканскиот фонд „Oaktree“ која стана нов сопственик на Интер откако Кинезот, Стивен Жанг не успеа да го врати долгот го назначи досегашниот извршен директор, Бепе Марота за нов претседател.
Марота, кој досега беше менаџер на спортскиот сектор на Интер, го наследува Кинезот Стивен Жанг, син на сопственикот на конзорциумот „Сунинг“ кој бидејќи не успеа да го врати заемот земен во 2021 година од Оуктри, мораше да ја предаде контролата на клубот до американски фонд по осум години минатиот месец. Стануваше збор за сума од 380 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Оваа номинација е признание за фантастичната работа што многу луѓе ја направија во последните три години“, рече Марота.
„Во својата улога како претседател, Марота ќе донесе континуитет, искуство, страст и посветеност истакнати во текот на неговата истакната фудбалска кариера“, додаде Оуктри.
Марота (67) е влијателен лидер на италијанскиот фудбал, особено на Аталанта, Сампдорија и Јувентус Торино.
Тој му се приклучи на Интер во 2018 година и со него во тимот клубот освои две шампионски титули на Италија (2021, 2024), два Купа на Италија (2022, 2023) и стигна до финалето на Лигата на шампионите каде минатата година беа поразени од Манчестер.