Фановите се разочарани, Интер мора да започне да троши…
Интер минатата сезона одигра лошо, а тимот во летниот преоден рок не се промени многу, иако сеуште има време нешто да се промени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ до сега доведоа шест засолувања, Весино, Скринар, Далберт, Колидо (младинец кој беше платен шест милиони), Борха Валеро и голманот Даниеле Падели.
За многумина ова е малку, имајќи предвод што во овој преоден рок направи Милан, но навивачите сметаат дека управата знае што прави и дека се ќе дојде на свое место кога ќе започне првенството, а тоа е во викендот кој е пред нас.
До тогаш, Интер би можел да ги продаде Иван Перишич, Кондогбија и Јоветиќ, но и да доведе неколку фудбалери.
Прв на списокот е фудбалерот на ПСЖ, Јулијан Дракслер. Да потсетиме, прва мета на Интер беше Анхел Ди Марија, но сега клубот се сврте кон Дракслер кој е поефтин и подобра опција.
ПСЖ Дракслер го плати 40 милиони евра, па Интер би можел да го добие за 50. Кога во прашање е цената на Ди Марија таа изнесува околу 70 милиони евра.
Потоа кога во прашање е десната бековска позиција тука прва мета е Жоао Кансело, младиот репрезентативец на Португалија. Сепак, Интер за него ќе има голема конкуренција, имајќи го предвид интересот на Тотенхем, Арсенал и Јувентус.
Денес се појави информација дека Интер е заинтересиран и за Ријад Марез, тој би можел да биде алтернатива доколку обидот да се доведе Дракслер биде неуспешен.
Кога во прашање е позицијата централен дефанзивец, тука „нероаѕурите“ ќе се обидат да ги доведат фудбалерите на Манчестер Сити, Елијаквим Мангала и Николас Отаменди.