Италијанските медиуми тврдат дека милански Интер го договорил првото зимско засилување, а станува збор за играчот за врска на Ливерпул, Лукас Леива.
Интер веќе подолго време се инетресира за Леива, а сега конечно успеа да постигне договор со Ливерпул за трансфер на Бразилецот.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Според „Газета дело Спорт“станува збор за шестмесечна позајмица бидејќи Интер не може да троши многу пари во јануари поради Финансискиот фер-плеј.
Токму поради ова „нероаѕурите“ ќе платат еден милион евра за позајмицата на Бразилецот, кој во текот на летото би можел да потпише и перманентен договор со Интер.