Италијанскиот гигант Интер е во потрага по нов напаѓач, откако дефинитивно пропаднаа преговорите за Ромалу Лукаку.
Најголема желба е младиот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун. 21-годишниот младински репрезентативец на Англија минатата сезона играше на позајмица со Ремс и блесна во Лига 1.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој има договор со Арсенал до 2025 година, а „топџиите“ за неговата слобода бараат 40 милиони евра.
Втората опција е Скамака од Вест Хем, кој не се снајде најдобро во Премиер лигата и сака да се врати во Серија А.
Трета опција е Алваро Мората, кој е на излезна врата од Атлетико Мадрид, а за него интерес покажува и Рома.