Барселона по втор пат сезонава ќе брка голема предност во Лигата на шампиони, откако синоќа доживеа уште еден тежок пораз.
Јувентус победи во Торино со 3:0, па сега пред Каталонците е можеби и потешка задача од историскиот пресврт против ПСЖ.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
„Направивме многу лоши работи, особено во првото полувреме. Не казнија со два гола. Во второто полувреме покажавме друго лице, заслуживме да постигнеме гол, но тоа сега ништо не значи“, изјави Иниеста.
„Не се чувствуваме баш толку лошо како во Париз, но пред нас е уште една голема планина која мораме да ја преминеме. Доколку направиме се како што треба, можеме да се вратиме, во спротивно, ќе биде невозможно“, заклучи плејмејкерот на Барса.