Дома Фудбал Иниеста се огласи: Морам да донесам одлука до 30 април

Иниеста се огласи: Морам да донесам одлука до 30 април

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста доби огромна понуда Кина, а одлуката дали ќе остане или ќе ја напушти Барселона мора наскоро да ја донесе.

Самиот Иниеста потврди дека мора да одлучи до крајот на април.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„До 30 април морам да одлучуам дали ќе останам во Барселона или ќе заминам во Кина. Морам добро да размислам што е најдобро за мене и за клубот“, изјави Иниеста кој има понуда од кинескиот Тианџин.

Да потсетиме, Иниеста во октомври потпиша доживотен договор со Барселона, а истакна дека одлуката на јавноста ќе и ја соопшти откако ќе разговора со луѓето во клубот.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не сакаше ништо да зборува и истакна дека тоа е лична одлука на Иниеста.

„Тоа е лична одлука. Тој самиот мора да ја донесе“, изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зимска трансфер „бомба“: Лукман од 40 милиони евра!

Адемола Лукман не успеа да го оствари својот трансфер летоска, но може да го реализира ова…