Дома Фудбал Иниеста најави добри вести и ги израдува сите Каталонци!

Иниеста најави добри вести и ги израдува сите Каталонци!

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, најави дека наскоро би можел да го продолжи договорот со каталонскиот гигант.

Овие зборови на Шпанецот посебно ги радуваат сите фанови на Барселона бидејќи доаѓаат во време кога на големо се шпекулираше за негово напуштање на Барселона, а како најсеризоен кандидат за доведување на Иниеста се споменуваше италијански, Јувентус.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Мислам дека наскоро ќе добиете добри вести“, одговори Иниеста за шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ на прашањето поврзано со новиот договор.

Иниеста на „Камп Ноу“ е од својата 12 година односно од 1996 година, а со Барселона неверојатни 28 трофеи, помеѓу кои четири во Лигата на шампионите и осум во шпанското првенство.

После ова сите во Барселона очекуваат по патот на Иниеста да тргне и најдобриот фудбалер на тимот, Лионел Меси, а такво нешто најави претседателот Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…