Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле беше во изолација затоа што неговата сопруга беше позитивна на ковид-19.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од таа причина Имобиле го пропушти натпреварот против Џенова во петокот. Тогаш тестовите на Имобиле беа негативни, меѓутоа сега „Газета дело Спорт“ објави дека и тој е позитивен на вирусот.
Ова значи дека Имобиле сигурно нема да биде во комбинација за настап против Венеција утре. Инаку, Имобиле веќе е вторпат заразен со ковид-19, првпат беше пред една година.