Дома Трансфер зона Икарди со изјава стави КРАЈ на сите шпекулации

Икарди со изјава стави КРАЈ на сите шпекулации

icardi

Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди со своите одлични игри во дресот на Интер го привлече интересот на многу европски гиганти.

Во последно време најмногу се шпекулираеш за тоа дека Икарди на крајот на сезоната ќе го напушти Интер и дека својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид. Меѓутоа, изгледа дека Аргентинецот нема намера да ја напушти „Меаца“ и дека единствена желба му е да остане што подолго член на Интер.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Иако пред некое време го продолжи својот договор со Интер, италијанските медиуми открија дека веќе преговара за нов договор. Сегашниот договор на Икарди трае до 2020. година, а доколку потпише нов во Интер ќе остане три години подолго. Исто така, платата ќе му биде дополнително зголемена и ќе заработува околу седум милиони евра годишно.

„Доколку тие не ме избркаат, јас ќе останам во Интер до крајот на својата кариера“, му рекол Икарди на еден од своите пријатели, а пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бонучи откри: Два пати го одбил Гвардиола поради Јувентус и Милан

Поранешниот италијански дефанзивец, Леонардо Бонучи на крајот од минатата сезона објави кр…