Aргентинскиот напаѓач Мауро Икарди е пред враќање во Серија А и би можел да биде ново засилување за новиот калчолигаш Монца.
ПСЖ сака да се ослободи од Икарди кој е „вишок“, а сопругата на напаѓачот Ванда Нара наводно инсистира на враќање во Италија.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Клубот од Париз е спремен да го пушти Икарди на позајмица со откуп по завршувањето на сезоната.
Со оглед на фактот дека Аргентинецот нема понуди од други клубови е спремен да ја прифати понудата на Монца, каде би можел да ја „оживее“ својата кариера.
Галиани е во постојан контакт со Икарди и наводно го убедил 29-годишниот напаѓач да се пресели во Монца.