Дома Фудбал Англија Икарди нема мир: Стигна ли конечно понудата на која не може да каже „НЕ“!

Икарди нема мир: Стигна ли конечно понудата на која не може да каже „НЕ“!

Аргентинецот, Мауро Икарди би можел да го напутши Интер.

Како што се наведува во англиските медиуми, лондонски Челзи за овој напаѓач е подготвен да издвои дури 100 милиони фунти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Плавите“ не се задоволни со напаѓачкиот учинок оваа сезона. Иако Алваро Мората го донесоа за 70 милиони фунти, видливо е дека шпанскиот напаѓач нема доволно поддршка и конкуренција, а раководството на клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе се обиде да го реши напаѓачкиот проблем веќе во јануари и ќе им понуди на Интер 100 милиони фунти за Икарди.

Како што се наведува, Аргентинецот е подготвен да ја напушти Италија. Понудата од Челзи е една од оние кои тешко се одбиваат и не би било никакво чудо ако Икарди заврши во Премиер лигата.

Икарди е член на „Нероаѕурите“ од 2013. година. Дојде од Сампдорија, а од сезона во сезона е се подобар.

Изминатата сезона беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а и оваа сезона блеска во досегашниот дел од сезоната, постигна 11 погодоци во 12 настапи.

Интерес за него покрај Челзи, има и минхенски Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси во Мајами го запозна човекот по кого го добил своето име Леонел: Мајка ми ќе биде пресреќна

Лионел Меси не крие дека ужива во животот во Соединетите Американски Држави и речиси секој…