Вистинско изненадување може да видиме во последниот ден од преодниот рок – Марсело може да го гледаме во Премиер лигата!
Повеќе извори од Островот пренесуваат дека Бразилецот е блиску до договор со Лестер. Легендарниот Марсело летово го напушти Реал Мадрид како слободен играч и беше во потрага по нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во еден период се поврзуваше со Ница во Франција, потоа се најавуваше дека може и да ја заврши кариерата, но изгледа дека понудата од премиерлигашот ги променила неговите планови.
Би било навистина интересно да го гледаме Марсело во англискиот фудбал, но да почекаме до крајот на денот да видиме што ќе се случува…
BREAKING: Marcelo is on the verge of signing for Leicester City on a one-year contract.
— SPORTbible (@sportbible) September 1, 2022
(Via @Spursito)
🤯🤯🤯 pic.twitter.com/8OrRbgvTMZ