Оливер Жиру веројатно ќе стане нов напаѓач на Јувентус!
После преговорите со Един Џеко, Луис Суарез и одбиената понуда за Алваро Мората. Јувентус изгледа се откажал од сите тие опции и се свртил кон францускиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што објави Џанлука Ди Марцио, Жиру се договорил за двегодишна соработка вредна четири ипол милони евра по сезона додека Челзи за неговите услуги ќе добие пет милиони евра.
Така Јувентус ќе го реши напаѓачкото прашање со 34 годишниот Французин кој во претходните осум години е во Лондон играјќи за Арсенал и Челзи.
Жиру за Арсенал и Челзи одигра 341 натпревар и постигна 133 гола.