Дома Фудбал Репрезентации Изненадување: Габриел Жесус без повик во репрезентацијата

Изненадување: Габриел Жесус без повик во репрезентацијата

Селекторот на Бразил го објави списокот од 26 фудбалери на кои ќе смета пријателските натпревари со Тунис и Гана во втората половина од септември.

Големо изненадување е што на списокот немаше место за Габриел Жесус кој игра во фантастична форма на почетокот од сезоната во Арсенал. На списокот ги нема и Кутињо и Дани Алвес, меѓутоа за нив и не е толку големо изненадување затоа што не се во најдобрата форма.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


За Бразил овие две средби ќе бидат последни пред Мундијалто во Катар. Тоа не значи дека сигурно овие играчи ќе бидат оние на кои ќе смета Тите во Катар. На Мундијалот во 2018 година направи дури пет измени во однос на прехтодниот последен список.

СПИСОКОТ НА БРАЗИЛ

Голмани: Алисон Бекер, Едерсон, Вевертон.

Одбрана: Тијаго Силва, Бремер, Милитао, Маркињос, Ибањез, Данило, Алекс Сандро, Алекс Телјес.

Среден ред: Каземиро, Евертон Рибеиро, Фабињо, Фред, Лукас Пакета, Бруно Гимараеш.

Напад: Нејмар, Винисиус, Рафиња, Фирмино, Педро, Матеус Куња, Антони, Родриго, Ришарлисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …