Дома Останати Кошарка Изненадување во НБА: Шампионскиот тим на Голден Стејт претрпе пораз со 23 поени разлика! (ВИДЕО)

Изненадување во НБА: Шампионскиот тим на Голден Стејт претрпе пораз со 23 поени разлика! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа четири натпревари, а секако најголемо изненадување е поразот на шампиониот Голден Стејт.

Шампионскиот тим на Голден Стејт претрпе пораз на домашен терен од тимот на Милвоки со 111:134.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Tимот на Милвоки имаше предност скоро во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено стигна до победата. Најголемата разлика гостите ја направија во третата четвртина која ја добија со 28:41.

Најефикасен во победничкиот тим, а воедно и на натпреварот беше Бледсо кој постигна 26 поени, запиша четири скока и запиша шест асистенции. Антетокоумпо стигна до учинок од 24 поени, девет скокови и четири асистенции.

Во редовите на Вориорси Томпсон беше најрасположен со 24 поени, три асистенции и три скока, Кевин Дурант натпреварот го заврши со 17 поени, девет пати асистираше и запиша пет скока.

Во останатите три натпревари Оклахома го победи Хјустон со 98:80, Портланд славеше со Клиперси со 116:105, додека Бостон после продолженија беше подобар од Феникс со 109:116.

https://www.youtube.com/watch?v=C2rGFXfL3SQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ракометарките поразени со 13 разлика во втората контролка со Австрија

Maкедонските ракометарки претрпеа пораз и во втората контролка со Австрија. Ако во првиот …