Англиските клубови едногласно гласаа за враќање на Премиер лигата на 8. јуни.
Како што објавија англиските медиуми англиските клубови едногласно донеле одлука за продолжување на сезоната на 8. јуни и веќе извесно е дека едно од најдобрите првенства ќе го гледаме на почетокот на шестиот месец.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Дејли Телеграф“ тврди дека оваа одлука ќе биде потврдена утре на состанокот на раководството на лигата, но договорот е веќе постигнат и сега се работи само на детали.
Веќе во текот на наредниот викенд ќе започна со тестирање на коронавирусот, на 11. мај ќе започнат тренинзите во помали групи, а од 18. мај ќе бидат дозволени и целосни тренинзите.
Клубовите ќе имаат три недели да се припремат за продолжување на сезоната.
„Враќање на Премиер лигата на 8 јуни. Оваа одлука е изгласна, никој не беше против“, потврди легендарниот Гери Невил.
Секако, натпреварите ќе се играат без публика.