Дома Фудбал Англија Иднината на Солскјер може да биде решена и порано – ова е условот!

Иднината на Солскјер може да биде решена и порано – ова е условот!

Навивачите се надеваат на вакво сценарио.

Манчестер Јунајтед е целосно поинаков тим од кога на клупата пристигна Оле Гунар Солскјер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Легендарниот Норвежанец победи на првите осум натпревари, единствено испушти бодови против Барнли (2:2).

Навивачите на „црвените ѓаволи“ се воодушевени и сакаат Солскјер да остане подолго време, а може да се случи управата на Јунајтед да ја реши неговата иднина уште пред завршувањето на сезоната.

Тоа би се случило под еден услов – ако Манчестер Јунајтед го елиминира ПСЖ во Лигата на шампионите што секако нема да им биде лесна задача и покрај повредата на Нејмар.

Управата на клубот наводно смета дека така би им покажале на навивачите дека тимот може да конкурира за сите трофеи наредната сезона бидејќи оваа во Премиер лигата скоро и да е изгубена поради лошиот старт на Мурињо и целта е да се биде помеѓу првите четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…