Aко може да им веруваме на шпанските медиуми Гонзало Игуаин е поблиску до заминување отколку останување во Јувентус.
Игуаин во текот на наредниот преоден рок скоро сигурно ќе го напушти Јувентус, а „Дон Балон“ тврди дека искусниот Аргентинец може да направи ново „предавство“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добар дел од кариерата 32 годишниот напаѓач помина во Реал Мадрид и сега се споменува дека би можел да потпише за нивниот ривал, Атлетико Мадрид каде би го заменил Диего Коста.
„Јорганџиите“ бараат нов напаѓач. Во следните денови би требало да следат првите контакти помеѓу двете страни. Во Атлетико веруваат дека трансферот можат да го завршат за 25 милиони евра.
Игуаин во Реал Мадрид помина шест години и постигна 121 гол. Во Наполи премина во 2013 година за три години подоцна во трансфер вреден 90 милиони евра да потпише за Јувентус и тоа навивачите на клубот од југот на Италија никогаш не му го простија.