Дома Топ вести Играч на Барса застана среде улица да се пресметува со фановите🎥

Играч на Барса застана среде улица да се пресметува со фановите🎥

Фудбалерот на Барселона Иниго Мартинез ги загуби нервите откако слушна навреди од навивачите надвор од тренинг кампот на клубот.

Мартинез го напушташе тренингот со автомобил кога двајца млади навивачи му рекоа дека е глупав. Мартинез го запре автомобилот на среде пат, излезе и му се втурна во лицето на навивачот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ова е последен пат кога ме нарекуваш глупав, разбираш? Последен пат. Не биди арогантен, ова е последен пат. За тебе и твојот пријател“, извика Мартинез, и едвај се воздржуваше физички да не го нападне навивачот.

Дефанзивецот на Барса во последно време го загуби местото од Пау Кубарси и не игра на очекуваното ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Легендарниот Алесандро Неста пристигнува во Премиер лигата?

Роберто Де Зерби на крајот попушти, не можеше да одолее на привлечната финансиска понуда о…