Барселона со новиот тренер ова лето планира реконструкција на тимот и доведување на нови засилувања кои ќе и помогнат да го синме Реал Мадрид од тронот.
Познато е дека каталонскиот гигант минатата сезона беше заинтересиран за Осман Дембеле, но младиот Французин избра да се пресели во Борусија Дортмунд.
Меѓутоа стоперот на Барса, Самуел Умтити во интервју за „Екип“ случајно откри дека Каталонците и ова лето ќе се обидат да го донесат Дембеле.
„Одлично се согласуваме со Дембеле. Знам дека Барса е заинтеерсирана за неговите услуги, но сеуште нема постигнато договор“, изјави Умтити за „Екип“.
„Дембеле би бил одлично засилување со своите карактеристики кои ги поседува. Само нека дојде, ако е потребно нека спие во мојата коќа“, додаде Умтити.