Дома Фудбал Франција Играчот на Лион доби жолт картон поради дриблинг 🎥

Играчот на Лион доби жолт картон поради дриблинг 🎥

Фудбалерите на Лион на свој терен го победија Тројес со 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До победата Лион дојде со пресврт. Гостите ги шокираа домаќините кога со голот на Чавалерин поведоа со 1:0. Меѓутоа Лион во второто полувреме постигна три гола и дојде до победата.

Во втората минута од судиското продолжение во центарот на вниманието се најде Бразилецот, Лукас Пакета. Имено, тој доби жолт картон поради дриблинг. Пакета на интересен начин се обиде да го издрибла играчот на Тројес, топката сепак на крајот заври во аут. Главната судијка на натпреварот му додели жолт картон затоа што се обидел да го понижи противникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…