Дома Фудбал Германија Играчот кој ќе го засили Ливерпул лажирал документи па ќе си плати – 250.000 евра!

Играчот кој ќе го засили Ливерпул лажирал документи па ќе си плати – 250.000 евра!

Фудбалерот кој наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Ливерпул мора да плати огромна казна.

Минатото лето Ливерпул успеа да го договори фудбалерот на Лајцпиг, Наби Кеита кој ова лето ќе му се приклучи на тимот на Јирген Клоп.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На фудбалерот од Гвинеја му оди одлично и оваа сезона на 32 настапи постигна девет погодоци и запиша пет асистенции настапувајќи за Лајцпиг и својата репрезентација, а сега се соочува со проблеми кои не се поврзани со фудбалскиот терен.

Имено, тој ќе мора да плати казна од 250.000 евра поради користење на лажни документи минатата сезона.

Имено, тој користел лажна возачка дозвола од својата татковина. Германците тоа го откриле и сега тој ќе мора да си плати.

Иначе, Кеита не е прв фудбалер во Германија кој има проблеми со возачката дозвола. Да потсетиме Марко Ројс во 2014 година беше казнет со дури 540.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …