Амад Диеало од вчера и официјално е нов играч на Мманчестер Јунајтед.
Младиот офанзивец од Брегот на Слоновата Коска во октомври ги договори своите лични услови со англискиот клуб, а на „Олд Трафорд“ се пресели откако доби италијански пасош. За неговите услуги на Аталанта Јунајтед ќе и плати 20 милиони евра за трансферот и уште 20 преку бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диало важи за голема надеж на европскиот фудбал. Неговиот тренер од младинската селекција, Енцо Гуери откри дека пред да се пресели во Бергамо тој бил на проба во Јувентус, Рома и Сасуоло.
„Веднаш забележавме дека е исклучително талентиран. Освен Атланта беше на проби во Јувентус, Рома и Сасуоло. Сепак, тие проценија дека не е доволно добар за нив. На крај Аталанта се реши да му даде шанса и од денешна преспектива очигледно е дека не погрешија, погледнете колку ќе заработат“, изјави Гуери.
Диало за првиот тим на Аталанта одигра четири натпревари и постигна еден гол. Очекувањата се во Јунајтед прво да одигра неколку натпревари за У23 тимот.