Дома Фудбал Репрезентации Ибрахимовиќ ќе игра на Европското првенство!

Ибрахимовиќ ќе игра на Европското првенство!

Златан Ибрахимовиќ после пет години би требало да се врати во репрезентацијата на Шведска, тврди „Газета дело Спорт“.

Селекторот на Шведска, Јане Андерсон во изминатите месеци и зборуваше на оваа тема.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Она што си го кажавме со Златан останува меѓу нас. Ако Златан сака да се врати прво ќе мора да зборува со мене“, изјави Андерсон во ноември.

Во меѓувреме првиот чекор го направил Ибрахимовиќ, постигнат е договор и доколку биде спремен Ибра ќе игра Европското првенство, ова го тврди реномираниот италијански медиум „Газета дело Спорт“.

Ибра има 39 години и од поодамна влезе во залезот на кариерата, но со оглед на тоа колку добри настапи прикажува во дресот на Милан јасно е дека би бил големо засилување за Шведска на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Спалети во репрезентацијата на Италија го повика синот на Малдини

Синот на Паоло Малдини доби повик во репрезентацијата на Италија од селекторот Лучано Спал…