Во интервјуто кое го даде за магазинот „Вилт“, Златан Ибрахимовиќ призна дека него не е лесно некој да го импресионира, иако само на еден човек тоа постојано му успева.
Тоа е човекот кој се грижи за неговата кариера, односно агентот Мино Раиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фасцинантно е со каква леснотија ги решава работите кои се однесуваат на бирократијата и папирологијата. Тоа е вистински пекол за поголемиот број луѓе, додека за него тоа е боза“, истакна Златан.
Шведскиот интернационалец, истакна и некој збор за себе и своите навики надвор од терените.
„Јас сум семеен човек. Работам работи кои ги засегаат повеќето татковци. Им помагам на децата околу домашните задачи, гледаме филмови, понекогаш играме и видео игри. Можеби на луѓето ќе им звучи чудно, но понекогаш и готвам“, вели Ибра.
Новинарката која го водеше интервјуто ја интересираше и која е неговата омилена книга, чиј одговор гласеше „Алхемичарот“ од Пауло Коелјо.