Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Оптимист сум за новиот договор

Ибрахимовиќ: Оптимист сум за новиот договор

Златан Ибрахимовиќ изрази оптимизам дека ќе го однови неговиот договор со Милан на уште една година.

Ибрахимовиќ пристигна во Милан минатиот јануари од ЛА Галакси и покажа дека се уште може да игра на врвно ниво, иако има 39 години.

Оваа сезона постигна 15 гола во Серија А на 15 меча и се врати во репрезентацијата, па очекува да добие договор на уште една година од Милан.

„Оптимист сум за продолжувањето на договорот. Соиграчите ми се како мои деца. Тоа е атмосферата која ја создадовме и поради тоа играме добро. Сакам да останам во Милан и да учествувам во новиот проект на клубот кој многу ми се допаѓа“, истакна Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити ја совлада Ливерпул во „ментална битка“

Ерлинг Халанд го опиша триумфот на Манчестер Сити над Ливерпул како „ментална битка“ порад…