Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски ги повика Агим Ибраими од Кукс и Стефан Ашковски од Ботошани во пресрет на престојните квалификациски натпревари.
Двајцата фудбалери ќе ги заземат местата на Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов, кои при тестирањето во своите клубови имаат позитивни резултати на инфекција со коронавирусот додека Иван Тричковски не може да настапи поради повреда.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Агим Ибраими е повратник во нашиот национален состав, а со него се приклучува и Стефан Ашковски од Ботошани, за квалификациските натпревари за СП против Романија, Лихтенштајн и Германија.
Собирот на репрезентативците е утре во Скопје, а во попладневните часови нашите фудбалери ќе го одржат и првиот тренинг.