Дома Фудбал Англија Зошто овој преоден рок во Англија е пократок од претходните?

Зошто овој преоден рок во Англија е пократок од претходните?

Aнглиските клубови ова лето ќе имаат помалку време за доведување засилувања отколку во претходните години.

Иако преодните рокови во скоро сите најсилни лиги во Европа завршуваат на 31 август на полноќ во Англија трансфер периодот заврвува многу порано – 9 август во 18:00 часот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа е нешто повеќе од 24 часа пред почетокот на новата сезона, а Англичаните преодниот рок го скратија со цел клубовите со исти фудбалери да играат од почетокот до крајот на натпреварувањето.

Освен тоа, таква била желбата на поголемиот дел од клубовите. 14 учесници во Премиер лигата гласаа за да се скрати преодниот рок. Против беа само шест клуба и тоа: Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, Кристал Палас, Вотфорд и Свонси, додека еден клуб остана воздржан.

Новата сезона во Премиер лигата започнува на 10-ти август, во 21:00 часот ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк се извини на навивачите на Ливерпул

Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк се извини на навивачите за настапот на тимот против …