Фудбалерите на Барселона и Атлетико Мадрид вечерва го играат големото дерби во рамките на 31. коло од шпанската Ла Лига.
Вечерашниот натпревар би можел да го реши прашањето шампион на Шпанија, бидејќи Барса има осум бода повеќе од вечерашниот ривал Атлетико кој е второпласиран. Доколку Барселона успее да остане непоразена во овој дуел тогаш ќе биде на само чекор од одбрана на титулата. Вечерашниот дуел сигурно ќе биде во центарот на вниманието, а во минатото гледавме многу спектакуларни натпревари помеѓу овие два клуба.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Атлетико Мадрид во Барселона сигурно доаѓа да ги освои трите бода, а Диего Симеоне ќе се обиде по прв пат во тренерската кариера во Ла Лига да ја победи Барселона на гости. Шпанските медиуми се сеќаваат на фактот дека Атлетико Мадрид во Барселона не победил дури 13 години, што навистина е предолго за ваков клуб. Атлетико последен пат на „Камп Ноу“ ја победи Барселона 5. февруари 2006. година.
Тогаш Атлетико Мадрид славеше со 3:1 против Барселона која таа сезона сепак стигна до титулата. Таа ноќ два гола за гостите постигна Фернандо Торес, а еден гол постигна Макси Родригез. Единствениот гол за Барселона го постигна легендарниот Хенрик Ларсон.