Дома Топ вести „Златната листа“ на Перез – се бара голман, дефанзивец и играч за врска, напаѓачот е веќе договорен!

„Златната листа“ на Перез – се бара голман, дефанзивец и играч за врска, напаѓачот е веќе договорен!

Тимот на Реал Мадрид на лето се очекува да претрпи големи промени.

Прво, на „Сантијаго Бернабеу“ би тренало да пристигне нов чувар на мрежата, а во игра се неколку имиња како што се Де Геа, Куртоа и Алисон. Исто така се и во потрага по засилување во нападот и јасно „кралевите“ секогаш го сакаат најдоброто па се поврзуваат од Нејмар, Хари Кејн, Паоло Дибала и Роберт Левандовски.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Треба да се истакне дека неодамна шпанскиот „Мундо Депортиво“ пласираше вест дека Роберт Левандовски веќе се договорил со шпанскиот гигант, дури и изнесе детали од нивниот договор. Повеќе за ова можете да прочитате ТУКА.

Потребно е и засилување во одбраната. Се споменуваше името на Самуел Умтити кој никако не успева да пронајде заеднички јазик со Барселона и да го продолжи договорот. „Дон Балон“ пишува дека „кралевите“ се спремни да ја платат клазулата и така да го украдат фудбалерот на лутиот ривал. Сепак, Умтити и да донесе конечна одлука за напуштање на Каталонија, Реал ќе има голема конкуренција од клубовите од Манчестер и ПСЖ.

Истиот медиум, наведува дека Зидан сака и играч за врска, а изборот наводно паднал на Миралем Пјаниќ од Јувентус. Јасно, „дамата“ нема да сака да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери во последните две сезони колку што Босанецот е дел од шампионот на Италија.

Но, во Јувентус постои јасно правило и тоа важи за секој играч, без разлика колку е важен за тимот – доколку еден играч сака да замине клубот не му прави проблеми и ќе го пушти во случај на адекватна понуда.

Сите имиња на оваа листа се ѕвезди на европскиот фудбал и пеколно тешко ќе му биде на Перез да го обезеди нивниот потпис, па останува да видиме како ќе се одвиваат работите во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…