Барселона веќе започна да работи на јануарските засиливања, а „Мундо Депортиво“ открива дека претставници на каталонскиот клуб веќе имале средба со дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.
Ова не е прв пат Скриниар да се поврзува со трансфер во Барселона, а сега шпекулациите се засилуваат откако дефанзивецот ја одби понудата на Интер за нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортово“ пренесува дека Барселона го „засилила притисокот“ после тешката повреда на Умтити и сакаат по секоја цена да го донесат 23-годишниот Скриниар.
Каталонците ќе имаат наско уште една шанса да се сретнат со агентот, бидејќи Интер и Барселона се во иста група во Лигата на шампиони.
Скриниар се етаблираше во еден од најдобрите и најперспективни стопери во Серија А, а на Барса во прилог и оди фактот што според новото правило ќе може да го пријави во Лигата на шампиони.
„Нероаѕурите“ го купија Скриниар 27 милиони евра од Сампдорија, но неговата вредност во моментов изнесува помеѓу 60 и 70 милиони евра.