Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги оцени шансите на тимот да го освои трофејот во шпанскиот фудбалски шампионат по синоќешните 0:0 со Бетис.
„Во однос на физичката перформанса, на овој меч немавме никакви проблеми. Имавме подобар крај отколку на последните натпревари. Не мислам дека конкурентите ќе ги освојат сите бодови на преостанатите средби.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Доколку се случи да бидат максимални до крајот, ние нема да бидеме први. Сепак има уште доста да се игра и сè додека имаме шанси не се откажуваме“, изјави Зидан.
Реал Мадрид по 33 натпревари има 71 бод и е втор на табелата во Ла Лига. Атлетико Мадрид е лидер со 73 бода од 32 натпревара. Големи шанси за трофејот има и Барселона која досега соба 68 бода од од 31 натпревар.