Дома Фудбал Зидан: Се зборуваат глупости! Јас барав клубот да го донесе Јовиќ

Зидан: Се зборуваат глупости! Јас барав клубот да го донесе Јовиќ

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја демантираше изјавата на Мајорал дека планирал да се ослободи од Јовиќ ова лето.

Мајорал на презентацијата во Рома изјави дека Зидан планирал да го задржи него и да се ослободи од Јовиќ во летниот преоден рок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тоа што беше кажано не е вистина. Јовиќ е играч на Реал и јас барав од клубот да го доведе. Секој може да има свое мислење, јас не се мешам, но зборуваат глупости. Такво нешто не се случило во Реал“, изјави Зидан.

Зидан два пати му даде шанса на Јовиќ во стартниот тим, но Србинот на четири настапи се уште нема постигнато гол.

„Секогаш разговарам со играчите, тоа се приватни работи и не сакам да ги откривам. Најважно за мене е да бидам искрен према нив, секој има право на свое мислење“, заклучи Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Башкими го сопре Силекс, Македонија ЃП сигурна против Брера Струмица

Во 6. коло од Првата македонска лига, Башкими приреди изненадување совладувајќи го Силекс …