Дома Фудбал Италија Зидан пред натпреварот со Билбао ја променил одлуката со Марсело

Зидан пред натпреварот со Билбао ја променил одлуката со Марсело

Искусниот бразилски дефанзивец Марсело тренираше денес со своите соиграчи и извесно е дека ќе се врати пред мечот против Атлетик Билбао.

Бразилецот го пропушти претходниот дуел против Гранада затао што тренерот Зинедин Зидан процени дека левиот бек не се наоѓа во посакуваната кондиција за важната борба во борбата за титулата.

На ден пред патувањето за Баскија Марсело одработи цел тренинг, а потврдата за неговата состојба Зидан ќе ја даде на прес-конференцијата за медиумите.

Зидан нема многу избор ако се знае дека првиот лев бек Ферлан Менди е повреден.

На денешниот тренинг ги немаше претходно повредените Дани Карвахал, Лукас Васкез споменатиот Менди, капитенот Рамос и играчот за врска Тони Крос кој е во самоизолација поради контакт со лице заразено со Ковид-19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…