Како што објавувме вчера, преодниот рок за Реал Мадрид е завршен. Зидан одлучил да го задржи целиот тим кој го има на располагање и одбил да биде донесена замена за Мората.
„Кралевите“ ги одбија сите понуди кои пристигнаа за нивните фудбалери, а денес се појави информација дека Зидан кажал НЕ за ново големо засилување во нападот.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваа дека вчера преку посредници им бил понуден Пјер Емерик Обамејанг, кој по секоја цена сакаше да ја промени средината ова лето.
Во Дортмунд наводно биле спремни да го продадат незадоволниот напаѓач, но Зидан одлучил да го задржи постоечкиот тим и не сака да доведе нов напаѓач.
Плановите на Французинот за новата сезона е да го користи Роналдо како централен напаѓач кога нема да може да смета на Бензема, а планира исто така д аму дава и поголема минутажа на Борха Мајорал.
Ваквиот потег на Реал јасно покажува дека Реал следи нова филозофија, која очигледно дава резултати!