Дома Фудбал Зидан конечно најде начин да се ослободи од Бејл

Зидан конечно најде начин да се ослободи од Бејл

Мачниот и лош однос помеѓу Герет Бејл и Реал Мадрид наскоро може да го има својот крај.

Велшанецот има исклучително лош однос со тренерот Зинедин Зидан, кој сака да се ослободи од Велшанецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека 31-годишниот Велшанец сега е многу блиску од заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

Реал и минатото лето го стави Бејл на продажба, но Велшанецот остана бидејќи не можеше да најде клуб кој ќе му гарантира плата од 17 милиони евра по сезона, колку што заработува во Мадрид.

Зидан експлицитно побарал од раководството да се ослободи од Бејл бидејќи според него е „токсичен“ во соблекувалната и ја нарушува атмосферата во клубот.

Бејл има уште две години договор со „кралевите“, а клубот сега му нуди спогодбено раскинување на договорот со отпремнина и Бејл ќе биде слободен да потпише за друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…