Интер сака да ја засили одбраната и ќе се обиде да го доведе централниот дефанзивец на Баер Леверкузен, Јонатан Тах, пишува „Газета дело спорт“.
Договорот на германскиот интернационалец со „фармацевтите“ истекува по завршувањето на сезоната, а засега се чини тешко дека ќе биде обновен. Ова предизвика интерес за Тах од клубови како Баерн Минхен и Барселона, но сега и Интер се вклучи во трката за потписот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нероаѕурите се мајстори за потпишување слободни агенти, а меѓу нивните сегашни играчи на сличен начин ги привлекоа Стефан де Фрај, Хакан Чалханолу, Хенрих Мхитарјан, Маркус Турам, Пјотр Зиелински и Мехди Тареми.
Интер има стара одбрана со неколку ветерани како Ачерби, Дармијан и Де Фрај, па засилувањето на одбраната ќе биде приоритет на лето.