Дома Фудбал Англија За првпат по несреќата Агуеро се најде на тренингот на Манчестер Сити

За првпат по несреќата Агуеро се најде на тренингот на Манчестер Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро вчера за првпат по сообраќајната несреќа одработи полесен тренинг.

Аргентинецот кон крајот на изминатиот месец доживеа сообраќајна несреќа враќајќи се со такси по еден концерт во Амстердам, а поради повредите кои ги заработи, Пеп Гвардиола некое време нема да може да смета на неговите услуги.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Дека закрепнувањето на Агуеро оди во пизитивна насока потврдува и информацијата која Манчестер Сити ја објави на официјалните страници. Како што се наведува, Агуеро во вторникот одработил полесен тренинг со играчите кои немаа репрезентативни обврски, а во следните денови најмногу ќе работи на зголемување на физичката подготвеност.

Според проценките на лекарите, закрепнувањето ќе трае околу два месеци.

За потсетување, Агуеро во сообраќајната незгода заработи фрактура на двете ребра. Голема е веројатноста дека би бил и потешко повреден да не бил врзан со појас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …