Давид Луиз оваа сезона доби голема прилика од новиот менаџер Маурицио Сари кој Бразилецот го врати во стартниот тим.
Луиз беше пред заминување од Челзи уште минатата сезона кога Антонио Конте воопшто не сметаше на него. До последниот викенд и тешкиот пораз од Тотенхем на „Вембли“ Челзи имаше фантастична сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сари ја врати вербата на целиот тим и навивачите, но после овој пораз на Островот се пишува за маните на овој тим. Сепак, тоа е само првиот пораз на Челзи, а овој тим ја има најдобрата гол разлика со само 11 примени голови во ова натпреварување.
Според овој податок одбраната и не функционира толку лошо, но загрижувачки е податокот што седум од тие 11 голови „сините“ ги примија после директни грешки на Давид Луиз.
Луиз ја доби довербата од Сари и најчесто игра од почетокот на сезоната заедно со Рудигер. Од останатите стопери на располагање Сари ги има Данецот Андрес Кристенсен и Гер Кејхил кој многу веројатно ќе замине во јануари.
Поради ваквата ситуација Челзи изгледа ќе мора да бара нов стопер веќе во јнаури, а на Островот се споменува името на Скриниар од Интер, кој сепак е тешка мета.