Вчера од спортскиот директор на Борусија Дортмунд стигна најава дека иднината на Ерлинг Халанд ќе биде решена во текот на неделата, а сега повторно пристигнуваат информации во таа насока.
Реномираниот „Атлетик“ објави утрово дека трансферот на Халанд е завршен и дека наскоро се ќе биде официјално потврдено. И нивните информации се дека во текот на неделата која започнува денес Халанд ќе го потврди трансферот во Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија не се прашуваше премногу поради откупната клазула од 75 милиони евра во неговиот договор, додека преговорите помеѓу „граѓаните“ и „милионерите“ успешно се завршиле. Засега детали од договорот не се објавуваат.
Erling Haaland's proposed move to Manchester City is now a 'done deal', with the switch from Borussia Dortmund likely to be announced this week.
— The Athletic UK (@TheAthleticUK) May 9, 2022
The Norwegian striker has chosen the Premier League champions ahead of Real Madrid & others.#MCFC | #RMCF | #BVB
📝 @David_Ornstein
Ерлинг Халанд сезонава постигна 21 гол на 23 натпревари, додека вкупно од доаѓањето во Борусија зад себе има 85 голови на 88 настапи.