Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Жиру пред дуелот со Белгија го провоцира Тиери Анри

Жиру пред дуелот со Белгија го провоцира Тиери Анри

Репрезентацијата на Франција утре го игра полуфиналниот натпревар на СП, а противник е селекцијата на Белгија.

Франција до полуфиналето дојде после лесната победа над Уругвај, додека Белгија направи изненадување и ги испратија Бразилците дома. Сигурно е дека утрешниот натпревар ќе ни донесе многу возбудувања.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атмосферата пред овој натпревар е веќе на врвот, а почнаа и препукувања помеѓу играчите на двете екипи.  Синоќа тоа го направи и Жиру, кој го провоцираше дури и легендарниот напаѓач на Франција, Тиери Анри. Поранешниот напаѓач на Триколорите моментално работи како помошник во таборот на Белгија и сигурно дека ова ќе биде посебен момент за него.

„Јасно е дека постои многу почитување и не можам да му замерам што ќе биде на клупата на Белгија. Мојата работа е да бидам добар на теренот и да му помогнам на тимот. Но, ќе бидам горд ако му покажам на Анри дека е на погрешната страна на теренот.“ – порача Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…