Дома Фудбал Жиру ги “пецна“ навивачите на Арсенал пред финалето: Мојата крв сега е сина!

Жиру ги “пецна“ навивачите на Арсенал пред финалето: Мојата крв сега е сина!

Францускиот напаѓач Жиру го најави финалето во ЛЕ на многу иритирачки начин што се однесува на навивачите на Арсенал.

Жиру, кој сега го предводи нападот на Челси, рече дека неговата крв е сина, откако беше запрашан какво е чувството да се игра против поранешниот клуб и голем ривал на Челси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, ја искористи приликата да ги пофали Топџиите во чии редови помина неколку убави години.

„Отсекогаш сакав да играм против поранешните тимови. Ќе биде многу тешко и може да биде многу болно ако не испадне како што се надевам. Морам да ги оставам емоциите на страна.“ – изјави Жиру за Дејли Мејл и додаде:

„Уживав во годините кои ги поминав во Арсенал. Тоа беше значаен дел од мојата кариера, мојот прв клуб во Англија и тоа секогаш ќе биде посебно. Сепак, сега мојата крв е сина. Иста како во националниот дрес.“ – изјави Французинот.

Инаку, Жиру оваа сезона игра одлично во Европа лига, бидејќи на 13 натпревари постигна 10 погодоци. Се очекува дека токму тој ќе биде најголемата закана по голот на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Револуција на „Олд Трафорд“: Керик донесе шокантна одлука и удри „нож во грбот“ на поранешните тренери

Мајкл Керик веќе на почетокот на својот мандат покажува дека нема слепо да ги следи старит…