Дома Фудбал Останато Жири од 18 голмани бираше најдобар на сите времиња: Победи Буфон!

Жири од 18 голмани бираше најдобар на сите времиња: Победи Буфон!

Можеби во спортот и нема поголемо признание кога твоите колеги ќе те прогласат за најдобар, а токму тоа му се случи на легендарниот Џанлуиџи Буфон (42).

Италијанскиот голман брани долги години. Дебитираше за Парма во 1995 година, а скоро три децении подоцна и понатаму е на највисоко ниво. Во овој момент е дел од Јувентус каде и што помина најголем дел од кариерата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Својата класа ја потврди и пред неколку недели кога имаше одлична вечер на „Камп Ноу“ и во неколку ситуации успеа да го спречи Меси да постигне гол.

Сега голманот е на Јувентус е прогласен за најдобар со седум гласови пред Лав Јашин (5) и Дино Зоф (2). По еден глас освоија: Бенкс, Касиљас, Мајер, Рожерио Сени, Тафарел и Шмајхел.

Инаку, стручното жири помеѓу останатите го сочинуваа: Мануел Ноер, Жулио Цезар, Петар Шмајхел, Габор Килари, Сантијаго Канизарес и други голмани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …