Oд денес Андер Ерера повеќе не е играч на Пари Сен Жермен.
Со заеднички договор двете страни ја прекинаа соработката иако Ерера имаше уште две години од договорот. Поранешниот шпански репрезентативец не беше во плановите на новиот тренер Кристоф Галтие, па затоа се договори за раскин на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариерата Ерера ќе ја продолжи во неговиот поранешен клуб, Атлетико Билбао каде што од 2011 до 2014 година играше одлично. После Билбао пет години помина во Манчестер Јунајтед од каде што премина во ПСЖ како слободен агент во 2019 година.
Клубот каде што Ерера ја започна кариерата беше Сарагоса.