Дома Фудбал Останато Емотивни сцени: Игуаин го одигра последниот натпревар во кариерата 🎥

Емотивни сцени: Игуаин го одигра последниот натпревар во кариерата 🎥

Изминатата ноќ се одиграа два натпревари од осминафиналето во плејофот на МЛС лигата, а еден од нив привлече посебно внимание на јавноста.

Њујорк Сити на домашен терен убедливо со 3:0 го совлада Интер Мајами и со тоа се пласираше во четвртфиналето од плеј-офот и воедно означи крај на една голема кариера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот ас на Реал Мадрид и Наполи, Гонзало Игуаин синоќа на 34-годишна возраст се прости од активниот фудбал.

Во својата богата кариера, покрај за Реал и Наполи, Игуаин играше и за Ривер Плата, Јувентус, Милан и Челзи пред да пристигне во Интер од Мајами во 2020 година.

За аргентинската репрезентација одигра 75 натпревари и постигна 31 гол, а во 2014 година стана и вицешампион на светот на Светското првенство во Бразил.

Неверојатниот „Пипита“ ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, иако во подоцнежните фази од кариерата честопати беше критикуван поради физичката подготвеност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…