Дома Фудбал Останато Емотивна исповед на Џузепе Роси: Повеќе не сонувам за милиони…

Емотивна исповед на Џузепе Роси: Повеќе не сонувам за милиони…

Поранешниот италијански репрезентативец, Џузепе Роси имаше многу тешки денови во текот на кариерата и честите повреди го спречија да го искористи полниот потенцијал, а важеше за најголем талент на Апенините.

Џузепе Роси денес е без клуб, а за италијанските медиуми си ја отвори душата и порача дека повеќе не мечтае за повеќегодишен договор и милиони евра, туку само на сите да им покаже дека е добар фудбалер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Морам да бидам трпелив и да чекам да дојде вистинската шанса бидејќи моментално не е се во мои раце. Мислев дека ќе имам неколку понуди, но морам да се помирам со тоа дека повеќето клубови имаат веќе 25 регистрирани играчи и дека не можам да најдам клуб“, истакна Роси.

„Многумина се уште ги споменуваат моите повреди, но тие веќе не постојат. Секако, нема да кажам дека сум ги немал, но тие не ми застанаа на патот. Секогаш се враќав и сега сум подготвен за заиграм на вообичаеното ниво. Не барам петгодишен договор или милиони евра, само сакам да покажам дека се уште сум добар фудбалер“, заклучи напаѓачот.

31-годишниот напаѓач моментално е без клуб, а неодамна се појави информација дека добил понуда од Јуве Стабија кој се натпреварува во третата италијанска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…